АЦА ЛУКАС ИТНО Е ПРИМЕН ВО УРГЕНТЕН ЦЕНТАР Еве кои тегоби ги има: „Лекарите го задржаа на понатамошно лекување“

Пејачот Аца Лукас итно е примен во Ургентниот центар во Белград.

Аца Лукас во здравствената установа дошол со треска и други тегоби поради што ќе биде хоспитализиран.

Иако сакал да ја избегне болницата, според очевидците, Лукас изгледал омалаксано:

– Пред половина час го видов на влезот во Ургентниот центар. Како и сите граѓани кои дојдоа да се пожалат на своето здравје, и тој ја предаде својата книшка и чекаше ред. Очигледно беше дека е многу болен. И покрај тоа, тој учтиво одговори на луѓето кои го поздравуваа. Лекарите го однеле во ординацијата и ќе го задржат на понатамошно лекување – вели извор кој случајно се нашол на лице место во таа прилика.

Да потсетиме, тој ги откажа сите настапи и концерти во наредниот период поради нарушено здравје.