– Холандскиот фудбалски гигант Ајакс објави дека нема да ја продолжи соработката со 35-годишниот тренер Џон Хејтинга, по разочарувачките резултати сезонава во која тимот од Амстердам заврши третопласиран.
„Ова беше тешка одлука која не беше лесно да му биде соопштена на Џон. Последните неколку месеци научи многу и сакавме да играме улога во неговиот натамошен тренерски развој, но заклучокот беше дека на Ајакс му е потребен човек со поголемо искуство на теренското место“, изјави директорот нас Ајакс, Свен Мислинтат.
Пред да седне на клупата на Ајакс во јануари оваа година, Хејтинга беше тренер во младинските категории на клубот од Амстердам.
Ајакс ја заврши сезоната во холандското првенство со 13 бодови помалку од првакот Феенорд и прв пат по пауза од 14 години нема да игра во Лигата на шампиони.