Ања Клеменс (22) и нејзиниот партнер Калум Џонс (28) во својот дом пронашле нешто вредно 13.000 евра, а тоа им се случило сосема случајно, откако решиле да го реновираат станот .
Кога се впуштиле во овој потфат, не можеле ни да замислат какво изненадување ги чека.
Ања сакаше да го отстрани стариот црвен тепих што стоеше во близина на дрвените скали и што не се вклопуваше во нивната внатрешност, а планираа да го заменат и постоечкиот паркет .
Земала скалпел и кога пресекла парче тепих во близина на дрвените скали, го здогледала скапиот даб паркет одоздола.
Ања веднаш го зела телефонот и снимила се и го објавила на TikTok, а видеото набрзо станало вирално.
Сепак, тука работите почнуваат да стануваат поинтересни отколку што веќе се. Кога сфатила дека овој паркет е поставен на цело приземје, Ања им се јавила на родителите и ги прашала за мислење, пренесува Мирор.
„Изгледаше прекрасно и веднаш се заљубивме во него. Ги поканивме мајсторите да го полираат и да го пребојат. Така добивме паркет од 13.000 евра, без да вложиме ниту цент“, објасни Ања.
Следбениците на Ања реагираа на приказната и испратија бројни коментари.
„Испрати ми дел од твојата среќа“, „Вистински џекпот“, „Ти си најсреќниот човек на светот“, биле дел од пораките.