Голем дел на Тиквеш без вода за наводнување – Водостопанство информираше за голем дефект

А.Д.Водостопанство на РСМ” ја информира јавноста за привремен прекин на доток на вода за наводнување во дел од Тиквешијата поради оштетување на сифонот Макарија Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост Скопје, преку соопштение ја информира јавноста дека поради сериозен дефект на сифон Макарија, привремено е прекинато водоснабдувањето во тој регион и земјоделците за сите дополнителни информации да се обратат до Подружница Тиквеш-Кавадарци.

Соопштението ви го пренесуваме во целост: „Почитувани, Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, ја информира јавноста дека денес, 27. мај 2023 година, е детектирано оштетување на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем Тиквеш, поради кое привремено е прекинат дотокот на вода која се користи исклучиво за наводнување на земјоделските површини. Извршен е увид и во моментов интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок, а се со цел враќање на системот во првобитна состојба. Дополнителни информации, граѓаните од регионот можат да добијат во подружницата А.Д. Водостопанство – Тиквеш. За сите понатамошни активности пак, поврзани со санацијата, јавноста ќе биде навремено информирана“.

Македонија