Жителката на Њујорк по име Лорета неодамна го прослави својот 104-ти роденден во локален затвор, но не на начинот на кој веројатно сте мислеле.
На прашањето од персоналот на старечки дом како би сакала да си го помине денот, бабата одговорила кратко – во Казнено-поправниот дом во округот Ливингстон!
Исполнета желба
Невообичаеното барање подоцна било упатено до канцеларијата на шерифот, кој го прифатил барањето, а Лорета била почестена со ексклузивна турнеја.
„Пред тоа роденденот го славела со кафе и торта“, објавија властите на својата Фејсбук страница.
Тајната за долг живот
Кога шерифот ја прашал Лорета која е тајната на долгиот живот, таа одговорила: „Занимавајте се со вашата работа“, пренесува UPI.com.
Во објава на популарната социјална мрежа се наведува дека бабата одлично се забавувала во затворскиот објект.
„Драго ни е што успеавме да и ја исполниме роденденската желба. Ви благодариме за насмевките и прекрасниот ден“, се вели во него.