Родена речиси една деценија пред да се одржи првиот избор за Мис Универзум во 1952 година, 80-годишната Чои Сун-хва сега може да влезе во историјата како најстарата натпреварувачка досега. Таа смета дека годините се само бројка и посакува победа.
Чои Сун-хва, која е родена речиси една деценија пред првиот избор за Мис Универзум во 1952 година, би можела да стане најстарата натпреварувачка на изборот.
Во септември, таа беше претставена како финалистка на годишниот избор за Мис Универзум Кореја , а денес се натпреварува со уште 31 натпреварувачка за можноста да ја претставува Јужна Кореја на финалето во Мексико овој ноември.
– Сакам да го воодушевам светот. Како може една 80-годишна жена да биде толку здрава? Како да го одржувам моето тело? Која е мојата исхрана? – изјави Чои за Си-Ен-Ен .
– Сакам да покажам дека можеме здраво да живееме и во старост – додаде таа.
Организацијата Мис Универзум досега имаше строги ограничувања за возраста, но од 2024 година тие беа укинати. Минатата година беа променети критериумите, со што може да се натпреваруваат бремени и мажени жени.
Како дел од овогодинешниот натпревар, организаторите го отстранија сегментот на костими за капење и го промовираат слоганот: „ Годините не се важни кога сонувате “.
Чои ќе учествува во пеење, додека останатите финалисти ќе изведат танц во традиционалната корејска носија, ханбок.
Иако веќе најстарата национална натпреварувачка, Чои, доколку ја освои титулата, ќе биде повеќе од двојно поголема од следната највозрасна финалистка. Таа истакнува дека е време да се смени перцепцијата на постарите модели, додавајќи дека постигнала многу во корејскиот моден свет, вклучително и работата за познати модни брендови.
– Да се биде модел ми ја отвори вратата на нов свет – рече таа.
Чои верува дека се отвораат нови можности за постарите манекенки и дека нејзиното манекенско искуство ќе биде корисно во конкуренцијата. Отсекогаш сонувала да излезе на сцена во странство, а сега се подготвува да го оствари тој сон, со поддршка од семејството.