Една баба (90) открила едноставна техника која ги отстранува брчките од лицето, која е потполно бесплатна.
Некои луѓе трошат стотици евра на козметички производи во обид да ги спречат или испеглаат брчките. Инфлуенсерката Сара Палмира го сподели советот на нејзината 90-годишна баба на Тик Ток , а еден од нив е потполно бесплатен.
Таа објасни зошто нејзината баба изгледа добро и се колне во неколку едноставни чекори кои ги спречуваат брчките.
Првото правило на нејзината баба е секогаш да го чисти лицето пред спиење. Можеби изгледа едноставно, но овој ритуал одлично влијае на здравјето на кожата.
Сара објаснила дека нејзината баба го започнува овој процес со средство за отстранување шминка на очите, а потоа млеко за чистење и тонер, пишува The Sun.
– Баба ми отсекогаш верувала дека миењето на лицето со вода всушност може да направи пилинг на кожата, па наместо тоа користи тонер што го користела со децении – објаснила Сара.
Нејзиното следно правило е се што ќе стави на лицето да го примени на вратот, градите и рацете. Така ќе ги спречите брчките во тие области.
Техника на триење и штипкање
Но, најдобриот совет за убавина на 90-годишната девојка е поврзан со тоа како таа ги применува своите производи. Нејзината техника на триење и штипкање вклучува нежно штипкање околу вратот и лицето за да се стимулира циркулацијата во тие области.
– Таа секогаш користи нежно движење нагоре кога ги нанесува производите, но секое утро го штипка вратот за да го зголеми протокот на крв – објаснила Сара.
@sarahpalmyra Just two girlies who prioritize their skincare routine 💁♀️ #skincare #grandmaskincare #grandmasoftiktok #antiagingskincare #skintok ♬ Baddie Friend (Two Bad Bitches) (feat. House of Evo) – Kevo Jefé & Casa Di & Steve Terrell
И на крај, Сара рекла дека никогаш не видела баба ѝ како излегува од дома без очила за сонце, бидејќи е неопходна заштита на кожата од штетното зрачење.
Исто така, таа рече дека нејзината баба користи производи со заштитен фактор.