Баби се собираат во оваа земја за секс со млади мажи: Геријатрискиот секс туризам е во пораст – еве зошто

Гамбија со години е позната како популарна дестинација за постари жени од Западот кои бараат романтични или сексуални врски со помлади локални мажи.

Ова ѝ го донесе на земјата потсмевливиот прекар „Гран-бија“, што предизвика загриженост кај властите кои се обидуваат да се справат со геријатрискиот секс-туризам.

Иако некои врски се површни и поврзани со празнична забава, како оние што ги опишуваат жени од Британија, други тврдат дека ја пронашле вистинската љубов во Гамбија. Една од нив дури и се омажила за својот помлад партнер и се преобратила во ислам. 

Документарецот „ Секс на плажа “ прикажа вознемирувачки сцени од врски со голема разлика во возраста и финансиската моќ, што предизвика етички дилеми. Сиромаштијата во Гамбија дополнително ја влошува ситуацијата, младите мажи често влегуваат во врски со туристички поради надежта за финансиска сигурност, пишува „ Мирор“ . 

Иако Гамбија има многу да понуди, од природна убавина до богата култура, овој вид туризам има негативно влијание врз нејзиниот имиџ и потенцијал како семејна дестинација.