Баерн го раскина договорот со Салихамиџиќ кој ќе добие милионска оштета

 Баерн Минхен и официјално го раскина договорот со Хасан Салихамиџиќ. Спортскиот директор кој во мај доби најава за отказ имаше валиден договор до 2026 година.

Сега неговиот договор е раскинат. Според новинарот Флоријан Плетенберг, Салихамиџиќ ќе добие отштета од шест до осум милиони евра.

Баерн Минхен минатата сезона не успеа да стигне до завршницата во Лигата на шампионите, а во Бундеслигата, буквално во последните моменти од последното коло успеа да ја одбрани шампионската титула.

Четириесет и шестгодишниот Салихамиџиќ, директорската функција во баварскиот фудбалски великан ја извршуваше од 2017 година.