Популарниот Џејмс Бонд се појави на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал рака под рака со својата партнерка Рејчел Вајс . Даниел Крег очигледно не можеше да одолее на својата фантастична сакана и пред сите споделија страстен бакнеж.
Многумина коментираа дека Даниел изгледал подобро од било кога и дека бракот со Рејчел навистина му годел . Изгледаа како рок ѕвезди и филмски диви и успеаја да го привлечат вниманието на сите присутни.
Сепак, тоа не е единственото нешто што привлече внимание кај Крег во Венеција. Неговиот филм „Квир“ е веројатно еден од најшокантните наслови на овогодинешниот фестивал, со оглед на тоа што славниот Бонд ќе го видиме во улога на постар геј кој се заљубува во многу помлад маж.
Љубовната приказна на Даниел Крег и Рејчел Вајлс
Актерот Даниел Крег на пошироката јавност и е познат по улогата на Џејмс Бонд, а со колешката Рејчел Вајс е во хармоничен брак веќе 12 години. Даниел Крег и Рејчел Вајс се венчаа во тајност во 2011 година.
Сепак, нивната врска е една од најмистериозните во светот на познатите, тие многу ретко се појавуваат заедно во јавноста и на црвените теписи, а многу ретко разговараат за нивната врска за време на интервјуата.
– Мораш да го заштитиш својот брак – изјавила актерката еднаш во едно интервју.
Даниел и Рејчел се запознале во 1994 година во лондонското Национално театарско студио каде што глумеле во претставата „Les Grandes Horizontales“.