Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор, почина денес на 99-годишна возраст, соопшти неговата ќерка Мартин Обри.
„Почина утрово на сон во својот дом во Париз“, изјави Мартин Обри.
Жак Делор беше осмиот претседател на Европската комисија и првиот човек на таа функција во три мандати, од 1985 до 1995 година.
Претходно беше француски министер за финансии од 1981 до 1984 година.
Тој учествувал и во медијација за време на југословенската криза пред европската заедница.