Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија во Подгорица утринава регистрираше земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала, на пет километри западно од Коплик во Албанија, кој е почувствуван и во Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот, кој е регистриран околу 1 часот и 30 минути, е лоциран на длабочина од 16 километри, објавено е на веб-страницата на Институтот.
„Овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје“, се наведува во соопштението.
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран и во ноќта од 23. кон 24. јануари на четири километри западно од Коплик во Албанија, а и тогаш бил почувствуван во Црна Гора.