Минатата година вредноста на Credit Suisse беше проценета на осум милијарди долари
Пропаднатата банка Credit Suisse откри што и претходело на итната интервенција на владините власти и присилното купување, извршено од главниот конкурент USB, за да се спречи колапсот на пазарот!
Имено, во првите три месеци од 2023 година, од Credit Suisse се повлечени депозити на клиенти од дури 61,2 милијарди швајцарски франци (околу 68,6 милијарди американски долари).
Колапс на банка во САД
Наглото зголемување на повлекувањата започна, како што јави Би-Би-Си, откако Credit Suisse го објави својот најнов финансиски извештај. Во моментов во тек е присилното преземање на оваа банка, кое ќе го врши UBS, најголемата банка во Швајцарија, до неодамна главен конкурент на гигантот кој пропаѓа.
Секторот за управување со портфолио на Credit Suisse на крајот на минатата година објави дека забележал пад на вредноста на своите средства од речиси 29 отсто во споредба со истиот период во 2021 година. Тоа сепак беше значителна вредност, проценета на 502,5 милијарди франци.
И покрај тоа, започнаа повлекувањата, што се совпадна со колапсот на две американски банки – Bank of Silicon Valley и Signatory Bank во март. Швајцарските власти брзо реагираа и беше создаден спасувачки пакет за Credit Suisse.
Ова вклучуваше владини гаранции од над 200 милијарди франци, а UBS се согласи да го преземе болниот конкурент. Во меѓувреме, остварените загуби се зголемени и се појавија наводи за перење пари. Финансискиот извештај за 2022 година покажа загуба од 7,3 милијарди франци и најави дека нема да има профит ниту во 2024. Тоа беше најлошата година на Credit Suisse од финансиската криза во 2008 година.
– Врвот на ридот беа рекордните одливи во кварталниот извештај. Банките едноставно не можат да преживеат толку голем одлив на пари – вели Френсис Копола, независен банкарски аналитичар.
Шефот на инвестиции во „М&Г ворлд инвестментс“, Шанти Келемен, наведува дека „Кредит Свис“ бил пред колапс и дека доколку не реагирале властите ќе го стореле истото како и споменатите американски банки. Вредноста на банкарските акции на берзите ширум светот драстично падна во последните месеци бидејќи инвеститорите стравуваат од домино ефект.
Повеќе турбуленции
– Ќе видиме поголеми турбуленции во банкарскиот сектор и дали ќе бидат во опасност и други големи банкарски куќи – рече Келеменова.
Обвинителството во Швајцарија покрена истрага за неочекуваното преземање на Креди Свис, што до пред неколку години беше незамисливо. Преземањето беше одобрено од акционерите на двете банки, по забрзана постапка. Вредноста на целата зделка беше 3,15 милијарди долари, иако Credit Suisse минатата година беше проценета на 8 милијарди долари.