Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, потврди дека нема да присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател, која ќе се одржи во понеделник на 20 јануари.
Тоа ќе биде втор настан по ред на кој Мишел нема да учествува. Претходно овој месец, таа го прескокна и погребот на Џими Картер, што ги поттикна гласините на социјалните мрежи за нејзиниот развод од Барак Обама по 33 години брак.
Меѓутоа, сега Барак сето тоа го демантираше со роденденска честитка за неговата сопруга.
,,Среќен роденден, љубов на мојот живот. Ја исполнуваш секоја соба со топлина, мудрост, хумор и грациозност – и изгледаш одлично кога го правиш тоа. Многу сум среќен што ги споделувам животните авантури со тебе. Те сакам!” .
Мишел и Барак се запознаа во 1989 година и се во брак од 1992 година. Имаат две ќерки.