Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама им честиташе на Никола Јокиќ и на Денвер Нагетс за освојувањето на шампионскиот прстен односно титулата во НБА лигата.
Во петтиот натпревар од финалната серија, Денвер Нагетс на домашен терен го совладаа Мајами Хит со конечен резлутат од 94:89 (22:24, 22:27, 26:20, 24:18) и со вкупен резултат од 4-1 ја освоија првата титула во историјата на франшизата.
Веднаш по натпреварот почнаа да пристигнуваат честитки од целиот свет, а меѓу првите зборуваше поранешниот претседател на САД и голем љубител на кошарката Барак Обама.
„Честитки до Денвер Нагетс и неверојатниот МВП Никола Јокиќ што го донесоа дома првиот НБА трофеј во историјата на франшизата“, напиша Барак Обама во објава на социјалната мрежа Твитер веднаш по натпреварот.