Барак Обама споменат на судењето на Диди: Луѓето во судницата останаа без зборови поради овој бизарен детаљ

Еден од највпечатливите детали е таблетата со лицето на Обама, што предизвика посебен интерес и конфузија кај јавноста. Не е прецизирано за каков вид дрога станува збор.

Од ден на ден, судењето на Шон „Диди“ Комбс   носи нови и сè побизарни детали. Најновото откритие што предизвика вистинска возбуда е дека музичкиот могул, според поранешниот личен асистент Дејвид Џејмс (David James), носел торба со 25 до 30 шишенца различни лекови со себе на патувањата – меѓу кои имало и апче со ликот на 44-от претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама .

На суд, Џејмс откри дека за време на неговите „хотелски денови“, Диди секогаш имал голем број дроги и супстанции со себе: Перкоцет (опиоиден лек против болки), Тиленол, екстази, Виагра, апчиња за слабеење и додатоци во исхраната за зголемување на спермата. Покрај тоа, тој патувал со најмалку 10.000 долари во готово – и честопати значително повеќе, сведочеше поранешниот асистент на суд.

Еден од највпечатливите детали е таблетата со ликот на Обама , која предизвика посебен интерес и конфузија кај јавноста. Не е прецизирано за каков вид дрога станува збор, но ваквите апчиња понекогаш се појавуваат на црниот пазар на екстази во форма на разни личности, па дури и политичари.

Исто така, Џејмс сведочеше дека Комбс редовно го праќал да купува бебешко масло, лубриканти и контрацептивни средства , секогаш во готово за да избегне трага од деловни трошоци.

Погледнете ексклузивни фотографии од судењето:

Зошто ја напушти работата на Диди?

Иако претходно тврдеше дека Диди не бил особено „благодарен“ како работодавач , Дејвид Џејмс одлучил да го напушти дури откако лично се исплашил за својот живот. Според него, поводот бил инцидент во 2008 година кога Диди наводно му се заканил на конкурентскиот продуцент Шуџ Најт, кој моментално отслужува 28-годишна казна затвор за убиство и бегство.

„Бев навистина преплашен. Тоа беше прв пат како негов асистент да помислам дека мојот живот е во опасност“, рече Џејмс на суд, според NBC News. „Им кажав дека сакам да си заминам, но ќе дадам отказен рок од шест месеци за да можам да го обучам следниот асистент.“

Како што напредува судењето, се откриваат сè повеќе вознемирувачки детали од животот на музичкиот могул кој со децении се сметаше за еден од највлијателните луѓе во забавната индустрија.