Младите сè уште многу често бараат партнери на социјалните мрежи. Младите мажи додаваат дури и непознати девојки на мрежите, им пишуваат, а некои дури и рекламираат дека бараат девојка.
Тие пишуваат што сакаат со надеж дека јавно ќе го најдат својот избраник. Така, еден дечко, кој живее во Германија , напишал дека бара девојка. Сепак, тој има доста ригорозни критериуми, за кои сега сите зборуваат.
Тој во својата порака го напиша следново:
– Помогни Боже, јас се викам Даниел, 90-годиште и родум од Германија , моите родители се по потекло од Република Српска, а во Србија најмногу сум во нашата куќа во Лозница. Јас живеам во Германија и тука дипломирав на Економскиот факултет. Барам побожна девојка не постара од 29 години. Тетоважите се забранети, исто така кратка коса, пушење и други дроги, долги нокти, мини здолништа, пирсинг и такви срања, читајте ги писмата ако не знаете како треба да се однесува жената и што да облече или прашајте го вашиот духовен отец. Многу ми е важно таа да не ја примила вакцината мРНК и нема минато, по можност никакво, но знам дека во нашето општество тоа стана речиси невозможно – напиша тој.
Со оваа негова објава на Твитер се шегуваа претежно девојки. Имаше и такви кои не ги исполнуваа сите критериуми.
– Јас сум се што Даниел 90-то не сака.
– Јас сум минич
– Јас сум МРНК вакцина
– Јас сум „најдобро е тој да нема никакво минато“
-Јас сум пирсинг и такви за*ебанци.
– Јас сум другите дроги
– За жал, ова како бившиот да го напишал