Барса излезе со план Б за регистрација на Олмо, за четири дена ќе заработи 120 милиони евра

Раководството на Ла Лига неодамна и забрани на Барселона да регистрира нови играчи, со усвојување на нови одредби за финансискиот фер-плеј.Ла Лига ги заостри критериумите за трошење пари за трансфери и плати на играчите, а со тоа Барселона наиде на проблем со регистрацијата на Олмо, која важи до крајот на годината.

Според моменталната ситуација, Олмо нема да може да игра за Барселона во 2025 година, но според последните информации на весниците Спорт и Мундо Депортиво , Каталонците нашле решение.

Имено, Барса најде начин да заработи 120 милиони евра за четири дена, распродавајќи ги местата во ВИП ложата на новиот, реконструиран стадион Камп Ноу, на подолг временски период.

На овој начин Барса брзо ќе ги зголеми приходите, а со тоа ќе овозможи и нови расходи кои нема да бидат во конфликт со финансискиот фер-плеј.

Дали ќе „профункционира“ планот на Барселона и дали навистина за четири дена ќе заработат толку голема сума, останува да видиме.

Олмо оваа сезона има многу проблеми со повреди, па за Барселона одигра 15 натпревари во Примера и Лигата на шампионите, на кои постигна шест гола и забележа една асистенција.

Каталонците летово го донесоа од РБ Лајпциг во трансфер вреден 55 милиони евра.