Барселона будно ја следи драмата на “Олд Трафорд“ – Отпишаната ѕвезда на Манчестер Јунајтед ќе пронајде спас во Шпанија ?

Фудбалскиот клуб Барселона е заинтересиран за играчот на Манчестер Јунајтед и повремен англиски репрезентативец Џејдон Санчо (23 г.), пренесуваат каталонските спортски медиуми.

Џејдон Санчо, кој одбива да му се извини на тренерот на „Црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хејг, поради објавите на социјалните мрежи во кои го обвинуваат дека лаже за лошите перформанси во клубот, беше исфрлен од првиот тим од Манчестер Јунајтед.

Медиумите наведуваат дека Барселона ги следи случувањата во Манчестер Јунајтед, а каталонскиот клуб планира во зимскиот преоден рок да ангажира англиски фудбалер. Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед пристигна во 2021 година од Борусија Дортмунд, а за клубот од „Олд Трафорд“ одигра 82 натпревари и постигна 12 гола. Тој се појави на три натпревари оваа сезона.

Џејдон Санчо има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2026 година.

БарселонаМанчестер ЈунајтедфудбалЏејдон Санчо