Барселона забележа победа, но доживеа нов тежок удар: Девет играчи се повредени – погледнете ја “црната листа“ на Чави Ернандез

„Болницата“ на „Камп Ноу“ продолжува да се полни. Во 7. минута од првенствениот натпревар против Осасуна, Феран Торес во солзи го напушти теренот поради повреда. Се уште нема потврда за каква повреда се работи, а Феран Торес ја продолжи црната серија. Имено, тој е веќе шестиот играч на Барселона кој се повреди во текот на јануари, а втор за само два дена.

Феран Торес

Иако Барселона го доби натпреварот со 1:0 со голот на Витор Роке во 63. минута, Каталонците имаат причина за загриженост. Во моментов на списокот на повредени на Барселона има осум играчи. Гави на крајот на ноември ги оштети вкрстените лигаменти и сезоната за него е веќе завршена. Дури и Алехандро Балде нема да се врати до лето поради кинење на тетивата. Понатаму, Марк-Андре тер Штеген е надвор од терените од 17. ноември, а неговото враќање на тренинзите се очекува во втората половина на февруари. Маркос Алонсо му има болки во грбот и тој е надвор од теренот од почетокот на декември, а се очекува во март да се врати на тренажниот процес.

Рафиња е во аут две недели и се проценува дека уште две недели ќе биде на списокот на повредени. Ињиго Мартинез се повреди на почетокот на годината, а за неколку дена треба да се врати во тренажен процес, како и Серхи Роберто. Жоао Феликс го повреди скочниот зглоб на последниот тренинг пред натпреварот против Осасуна, а прогнозите се дека нема да биде на теренот три недели, што значи дека ќе го пропушти тестот против Наполи во осминафиналето од Лигата на шампионите.

БарселонаповредаФеран ТоресфудбалЧави Ернандез