Барселона наскоро ќе добие нов голман, откако одлучи да ја активира откупната клаузула на голманот за кој повеќето навивачи никогаш не слушнале, Жоан Гарсија.
Гарсија моментално е голман на Еспањол и има 24 години, а целата своја кариера ја поминал во овој клуб, градскиот ривал на Барселона.
Оваа сезона, Гарсија играше во сите 38 натпревари во Ла Лига за Еспањол и прими 51 гол, при што осум пати ja сочува мрежата.
Трансферот на Гарсија во Барселона ќе ги изненади сите, бидејќи тренерот Ханси Флик веќе беше во слатка агонија минатата сезона избирајќи помеѓу Марк Андре Тер Штеген и Војчех Шчесни, кој бранеше фантастично додека Германецот беше повреден.
Некои инсајдери најавуваат дека Барселона би можела да го испрати Гарсија на позајмица, но тоа би бил и чуден потег со оглед на тоа дека за него би издвоиле дури 25 милиони евра.
Официјалната потврда за трансферот беше најавена за следната недела.