Барселона подготвува двегодишен договор за Гундоган

Раководството на Барселона подготвува договор на две години за фудбалерот на Манчестер сити, Илкај Гундоган, кој во шпанскиот клуб би можел да премине без обесштетување.

Гундоган има договор со Сити со крајот на сезоната, а 32-годишниот германски репрезентативец разгледува понуди и од други клубови.

Како што пренесува денеска весникот Тајмс, раководството на Барселона му нуди на Гундоган двегодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

Гундоган во 2016 година дојде во Манчестер сити од Борусија Дортмунд и за англискиот клуб одигра 293 натпревари на кои постигна 54 голови.