Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден во понеделник заврши седумдневен курс на радиотерапија за лекување на рак на простата во четврт стадиум, кој се проширил на коските.
Третманот беше завршен во Центарот за радиолошка онкологија „Пен Медисин“ во Филаделфија, каде што Бајден, според традицијата, го заѕвони ѕвончето означувајќи го крајот на терапијата.
Неговата ќерка Ешли Бајден објави емотивно видео.
,,Ви благодариме на неверојатните лекари, медицински сестри и персонал. Многу сме благодарни“, рече тaa.
Портпаролот на Бајден потврди за Си-Би-Ес њуз дека поранешниот американски претседател завршил неколку недели радиотерапија, на која е подложен од 11 октомври. Сè уште не е познато дали ќе бидат потребни дополнителни третмани.
Во мај годинава му беше дијагностициран рак на простата.