Бајден за копнената офанзива во Газа: Израелците сами одлучуваат

 Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „Израелците сами одлучуваат“ дали и кога ќе ја почнат копнената офанзива на Газа.

Тој оваа куса изјава ја даде за време на посетата на австралискиот премиер Ентони Албанесе на Вашингтон, кога беше прашан дали побарал од Израел да ја одложи копнената инвазија.

Израел со денови најавуваше дека неговите сили се подготвени да влезат во Газа со цел да го елиминираат Хамас како воена сила по неговиот напад на 7 октомври врз јужен Израел.

И израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера, се чини, навести дека наскоро ќе следи копнена инвазија.

„Се соочуваме со следната фаза, таа доаѓа“, им порачал Нетанјаху на изрелските војници на југот од земјата, се наведува во соопштението од неговата канцеларија.