Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека треба да има хуманитарна „пауза“ во конфликтот помеѓу Израел и Хамас.
– Мислам дека имаме потреба од пауза. Пауза значи да се даде време да се извлечат затворениците, изјави 80-годишниот демократ.
Белата куќа подоцна појасни дека Бајден кога кажал „затворениците“ мислел на заложниците, кои ги држи Хамас.
Претходно, Белата куќа беше категорична дека нема да се меша како Израелците да ги спроведуваат своите воени операции како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври. Со својата изјава, Бајден изврши притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да им даде на Палестинците барем краток прекин на тековната воена операција, во која загинаа илјадници луѓе и ја втурна палестинската енклава во хуманитарна криза, објавија американски медиуми.