– Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека побарал од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се согласи на хуманитарни паузи во борбите во Газа што ќе траат подолго од три дена.
Запрашан дали е фрустриран од Нетанјаху, кој допрва треба да ги послуша таквите повици, Бајден одговари: „Потребно е малку подолго отколку што се надевав“.
Бајден, сепак, појаснува дека Вашингтон воопшто не се залага за потраен прекин на огнот, од кој корист ќе има само Хамас.