Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Бенјамин Нетанјаху „повеќе му штети на Израел отколку што му помага“.
Бајден, исто така, рече дека Израел не може да има уште 30.000 убиени Палестинци, како „последица“ од прогонувањето на милитантите на Хамас,
Предизвикувањето масовни цивилни жртви е исто така „спротивно на она за што се залага Израел“, додаде тој.
Вашингтон го повика израелскиот премиер да не започнува голема офанзива во јужниот дел на Газа додека не се спроведе планот за масовна евакуација на цивили.
Повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа моментално се во Рафах.
Бајден инсистираше на тоа дека Нетанјаху треба да посвети „повеќе внимание на цивилните животи кои се изгубени како резултат на преземените активности“.
Тој повика и на шестнеделен прекин на огнот, кој ќе овозможи ослободување на сите заложници и испраќање помош.
More headlines from Biden on Netanyahu ⬇️
— Jacob N. Kornbluh (@jacobkornbluh) March 10, 2024
• On ‘come to Jesus’ hot-mic: “I’ve known Bibi for 50 years and he knew what I meant by it.”
• Biden: Netanyahu is “hurting Israel more than helping Israel” amid growing number of casualties “as a consequence of the actions taken.“ pic.twitter.com/0ftj7Z9P6m