– Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека го смета за „крајно негативно“ распоредувањето на руско нуклеарно оружје во Белорусија.
„Екстремно негативно, е мојата реакција“, беше одговорот на Бајден на новинарските прашања за рускиот потег пред да замине од Вашингтон во „Кемп Дејвид“.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Русија почнала да пренесува тактичко нуклеарно оружје во неговата земја за време на посетата на Москва.
„Моравме да подготвиме простори за складирање. Го направивме тоа, така што преместувањето на нуклеарното оружје веќе започна“, изјави Лукашенко за руската телевизија „Перви“.
Министрите за одбрана на Русија и Белорусија во четвртокот потпишаа договор за распоредување руско нуклеарно оружје во Белорусија, кој вклучува услови за негово чување во посебни магацини.