– Во коментар пред да замине во Јапонија на самитот на земјите од Г-7, американскиот претседател Џо Бајден изрази увереност дека ќе биде постигнат договор за буџетот со водечките законодавци републиканци и САД нема да објават технички банкрот.
Бајден кажа дека денеска се среќаваат учесниците на разговорите по повод државниот долг на САД и дека за време на патувањето тој ќе одржува постојан контакт со нив.
-Преговорите се однесуваат исклучително за буџетот, и не станува збор за тоа да не се измират обврските. Сите лидери се согласни дека нема да има банкрот, изјави Бајден.
Тој изјави дека ќе го скрати патувањето и нема да замине за Австралија за да се врати во САД на последната рунда преговори.
Спикерот на Претставничкиот дом, Кевин Макарти, исто така вети избегнување банкрот.
-Мислам дека, на крајот на краиштата, нема да има банкрот. Убеден сум дека можеме да дојдеме до договор. Роковите се многу тесни. Но ќе направиме сѐ да се сретнеме да го постигнеме тоа.