Говорејќи на крајот од дводневниот самит на НАТО во Вилнус, Џо Бајден ја потврди американската поддршка за Украина.
НАТО е „посилно, поенергично и пообединето“ од кога било во својата историја, тврди американскиот претседател, пренесува Си-Ен-Ен.
Тој вели дека Владимир Путин се обложил дека НАТО ќе се скрши кога ја започнал инвазијата на Украина.
„Путин веруваше дека демократските земји ќе бидат слаби… мислеше погрешно“, изјави американскиот лидер.
„Народот на Украина останува нескршен“, додаде тој, пофалувајќи го херојството на Украинците.
Претседателот истакна дека и покрај речиси една и пол година војна, Украина останува слободна и независна. Тој, исто така, истакна дека сите сакаат војната да заврши со фер услови кои се во спротивност со основните принципи на Повелбата на Обединетите нации – суверенитет и територијален интегритет.
„Нема да се откажеме. Мислам на ова. Нашата посветеност кон Украина нема да ослабне. Ќе се залагаме за слободата денес, утре и онолку колку што е потребно“, рече 80-годишникот.
„САД изградија коалиција од повеќе од 50 нации за да се осигураат дека Украина е заштитена, како што е сега и може да го прави тоа во иднина“, додаде тој.
Инаку, Бајден тврдеше дека идејата дека САД можат „да напредуваат без безбедна Европа“ е погрешна.