Бебето кое таткото го фрли во контејнер се родило живо: Камерите го снимија страшниот момент во Грција (видео)

Новороденчето, кое таткото го фрлил во контејнер во Грција, тврдејќи дека е мртво, е родено живо, покажуваат првите резултати од обдукцијата.

Телото на бебето било пронајдено на депонија во Враврона, а по прегледувањето на снимките од надзорните камери било утврдено дека детето претходно таткото го фрлил во контејнерот.

Веднаш бил приведен и на распитот тврдел дека детето го фрлил бидејќи било мртво родено. Сепак, патологот наведува дека првите резултати од прегледот на телото на бебето укажуваат дека детето е родено живо, и дека сега ги чека резултатите од дополнителните анализи за да се потврди сè.

Да потсетиме, таткото и мајката кои по потекло се од Непал се обвинети дека го убиле и го фрлиле своето новороденче во ѓубре.

Мајката (24) денеска е спроведена во обвинителството, но се бара одложување на рочиштето, додека таткото треба да биде сослушан утре.

Според информации, 24-годишната жена во полиција рекла дека го изгубила бебето бидејќи работела на нива.

„Не ги закопав, бидејќи немаше тело, само крв“, тврди таа.

Истовремено, таа напоменала дека планирала да се омажи за таткото на детето по породувањето и додала дека има уште една двегодишна ќерка која живее во Непал со нејзиниот поранешен сопруг.