Шестнеделно бебе починало од повредите што му ги нанело семејното куче.
Имено, во Ноксвил семејното куче го нападнало новороденчето Езра додека тој спиел во неговото креветче. Кучето хаски ненадејно нападна заспано дете.
„Да се биде неговата мајка беше најголемата чест и најдоброто нешто што ми се случило“, изјавила мајката на детето, Клои Мансур.
Според неговите родители, Езра бил во болница во критична состојба речиси седум дена пред да почине. Тој претрпел повреди опасни по живот, вклучувајќи крварење и оток на мозокот.
Кучето, кое било со семејството осум години, е едно од двете кучиња во домаќинството, а ниту едното не било агресивно. Додека животот на малиот Езра трагично бил скратен, неговите родители Марк и Клои решиле да им помогнат на другите бебиња на кои им е потребна донација на неговите органи.
“Молете се за целото семејство, навистина. Сите го сакаа толку многу и знам дека сите тагуваме во моментов. Тоа ќе трае цел живот”, рекла мајката на починатото дете.
Патем, ова куче беше однесено во локалниот центар за животни, а Канцеларијата на шерифот на округот Нокс, според стандардниот протокол, го истражува овој случај.