Некои приказни нè тераат да веруваме во добрината и чудата на животот. Едно од нив и’ се случило на една жена која откако отишла на трчање со своите кучиња, како што обично правела, нашла живо закопано напуштено бебе.
Нејзината брза акција му го спасила животот, а таа немала поим што ќе се случи неколку години подоцна.
Сè започнало во 1998 година кога Азита Миланјан отишла на трчање со своите кучиња.
Еден од нив, Танго, почнал да душка и да ја копа земјата. Миланјан погледна повнимателно и виде мали стапала како штрчат од земјата. Отпрвин мислела дека е животно, но потоа слушнала бебешки плач.
Таа внимателно почнала да го откопува малечкото кое било завиткано во сина крпа. Го зела бебето во раце и му го избришала лицето кое било покриено со нечистотија. “Те молам, немој да умреш. Јас сум тука со тебе. Те сакам“, му рекла таа на бебето.
Бебето било однесено во болница со тешка хипотермија, а докторот рекол дека е чудо што преживеало. Медицинските сестри му дале име „Бебе Кристијан“. Миланјан го посетила неколку пати и плачела кога го видела.
Не можела да го посвои бидејќи неговата приказна се појавила во медиумите и се плашела некој да нè го бара.
Меѓутоа, таа сакала да одржува контакт со него, но кога бил посвоен, била спречена да се види со него.
„Тоа беше фрустрирачко искуство“, рекла жената. Сонував дека ќе ме најде, како што се најдовме тој ден”, изјсвила Миланјан.
Витакер пораснал во дом со љубов во Гардена, целосно несвесен за тоа како бил пронајден. Неговото средно име било Кристијан, но не знаел зошто го добил.
Нешто подоцна, мајката на еден од пријателите на Витакер напишала на радио станица за да праша дали некој знае за неговото потекло за да може да му каже повеќе за неговата животна приказна.
Така тие го имаа своето долгоочекувано повторно обединување.
,,Те чекам 20 години“, рекла Миланијан со солзи во очите додека го гушкала Метју Витакер.
Жената го однела до местото каде што го нашла. Тие шетале заедно околу местото каде што првпат се видоа и среќното и весело расположение на Витакер брзо се променило и заминал во автомобилот, а Миланјан го прашала дали е добро.
„Ова можело да биде мојот гроб“, рекол тој со грутка во грлото, но таа седнала до него и слатко му рекла: „Долго време те барав“.