Бебе меѓу 14 убиени Палестинци во израелско бомбардирање на градот Газа

– Четиринаесет Палестинци се убиени, меѓу кои најмалку едно бебе, а голем број се повредени во денешниот напад на израелските авиони на градот Газа, објави новинската агенција Вафа.

Израелски борбени авиони извршија напади на квартовите Ал-Туфа и Ал-Шуџаија во градот Газа, што резултираше со убиени Палестинци, меѓу кои има деца и жени, наведе Вафа.

Сведоците за Анадолу изјавија дека израелските авиони погодиле куќа во квартот Ал-Туфа во која се наоѓале 10 лица.

Спасувачките тимови на Палестинската цивилна одбрана ги извлекле телата на едно бебе, а десетици повредени префрлиле во болница, изјавија сведоците, додавајќи дека продолжува пребарувањето под урнатините.