Родителите се сеќаваат на првите зборови на бебето до крајот на животот
Резултатите од новото истражување спроведено во Лабораторијата за современа антропологија на Универзитетот Фудан во Кина покажаа дека бебињата најмногу учат од своите татковци.
Истражувањето го водела Меган Занг, која го проучувала учењето вокабулар на друг начин.
Според резултатите, двајцата родители имаат значително влијание врз развојот на говорот на децата, но во различни сфери.
Научниците ја проучувале врската помеѓу разликите во говорот и генетските линии на татковството и мајката и откриле дека постои силна врска помеѓу татковските гени и лексичките карактеристики и помеѓу мајчините гени и фонемските карактеристики.
Со оглед на тоа дека постои директна врска помеѓу Z-хромозомот, кој го пренесува само таткото, и јазичните варијации, тие откриле дека бебињата најмногу зборови учат од своите татковци.
Но, со оглед на тоа дека мајката поминува повеќе време со бебето, детето го наследува изговорот и звукот.