“БЕВМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈЛОШОТО!“ – Братучедот на Мадона открива нови детали за ‘кралицата на попот’: “Се плашевме да не ја изгубиме, таа ја става кариерата пред нејзиното здравје!“

Мадона во саботата била пронајдена во несвест во Њујорк и итно била пренесена на интензивна нега каде и ја добила потребната помош. Очигледно, таа била толку лошо што нејзините роднини биле „подготвени за најлошото“, потврдил член на семејството за Daily Mail.

Во средата, нејзиниот менаџер Гај Осеари објави дека боледува од „сериозна бактериска инфекција“ и дека и треба време да се опорави, одложувајќи ја турнејата што требаше да започне во Ванкувер на 15. јули. Споменатиот роднина на „кралицата на попот“ изјавил дека поминале неколку дена во неизвесност дали ќе преживее таа.

Мадона во Њујорк, 2023 година.

Неименуваниот член на семејството вели дека шокантниот колапс бил еден вид „повик за будење“ за Мадона (64 г.), која верува дека е „непобедлива“.

Изминативе неколку дена никој не знаеше во кој правец ќе оди ова, а нејзиното семејство се подготвуваше за најлошото“, рекол роднината и објаснил дека поради ова целата ситуација се „чувала во тајност“. Мадона била придружувана од нејзината ќерка Лурд за време на нејзината хоспитализација, објави New York Post.

Изворот за Daily Mail изјавил дека нејзината ненадејна хоспитализација ги „здружила“ сите во семејството.

За ова се собраа сите членови на семејството на Мадона и ѝ послужи како потсетник дека мора да се грижи за себе. Ова навистина ја разбуди“, раскажал изворот и додал дека не живеела здрав живот како што треба на таа возраст и нагласил дека последните неколку месеци била прилично слаба.

Мисли дека е уште млада, но не е. Кариерата ја става пред здравјето… Така ќе умре“, заклучил изворот.

Мадона во Њујорк, 2023 година.

Во меѓувреме, извори блиски до Мадона рекоа дека таа работела деноноќно за да ја направи својата турнеја совршена, а еден од нив открива дека вежбала дури шест дена во неделата. Членовите на нејзиното семејство претходно изјавија за Daily Mail во април дека таа „турка сè на работ со својот перфекционизам“. Извор тогаш изјави дека Мадона е „во неверојатна форма“.

Извор близок до семејството дополнително објасни дека зборувањето за нејзината турнеја е „надвор од границите“ бидејќи славната пејачка има потреба од одмор. Како што тврди таа, моментално никој околу неа не смее да споменува нешто поврзано со работата. Портпаролите на Мадона допрва треба да ги коментираат тврдењата на роднините и членовите од семејството.

Оваа ситуација со светот ја сподели нејзиниот долгогодишен менаџер Гај Озири, кој на социјалната мрежа Инстаграм откри дека Мадона била принудена да ја одложи својата многу очекувана турнеја по повод 40-годишнината од музичката кариера поради здравствени проблеми. Во својата објава Гај Озири нагласи дека „се очекува целосно закрепнување на пејачката и мајка на шест деца“ и дека нејзиното „здравје се подобрува“, но додаде дека таа „се уште е под докторски надзор“.

Според Page Six, Мадона требало да ја започне својата турнеја „Celebration“ во Ванкувер, Канада на 15. јули.

животздравјеМадона