Француската актерка Емануел Берт откри дека била жртва на инцест како дете, пред нејзината баба да ја спаси од тоа.
Познатата 60-годишна жена не го идентификуваше својот напаѓач, а за траумата што и’ денеска ја прогонува проговори на прес-конференција по повод прикажувањето на документарниот филм „Such a resounding silence”
Берт разговараше со присутните на конференцијата преку видео порака и не беше физички присутен на истата.
Во нејзино име зборуваше Анастастија Микова, ко-режисерката на филмот, која рече дека Берт не сака да го именува насилникот.
Тие сепак нагласија дека не се работи за нејзиниот татко Гај Берт!
Инцестот започнал кога Емануел имала 10 години и продолжи до нејзината 14та година.
Актерката објасни дека на почетокот не сакала да зборува за своето лично искуство, туку само за искуствата на жртвите во документарецот.
„Но, нивната искреност и храброст ме натераа да проговорам“, објасни таа.
Инаку, документарниот филм „Such a resounding silence” вклучува приказни за четири жртви на инцест, и рецензијата на Емануел за она низ што таа поминала.
Таа е ко-режисер на документарниот филм кој ќе се емитува на 24 септември.
Во документарецот, нејзиниот глас се слуша на екранот додека му се обраќа на лицето кое сексуално ја злоставувало: „Бидејќи татко ми, мајка ми и моите пријатели не забележаа ништо, можеше да го направиш тоа повторно четири години. “