Пејачот Дино Мерлин синоќа доживеал лоша среќа кога околу 21 часот му се слошило, по што завршил во болница.
Менаџерскиот тим на пејачот тогаш објави дека тој се чувствува добро, а Дино своевремено бил во тешка здравствена ситуација.
Пејачот еднаш помина низ толку тежок период што сакаше да се откаже од музиката.
– Во еден период од мојот живот бев тешко болен. Имав тешка депресија. Не би го посакал тоа на никого. Тоа се манифестираше на тој начин што бев бескорисен – изјави тогаш пејачот на ХРТ.
– Апсолутно ништо не ме интересираше, животот и смртта ми беа исти. Бев само растение. Тоа беше периодот кога сакав да ја напуштам музиката и тогаш ми паднаа на памет секакви работи, но по некое чудо се извлеков – изјавил Мерлин во таа прилика.
Неговата сопруга Амела, со која има две деца, ќерката Наида и синот Хамза , го поддржувала во тешките денови, а тој продолжил да ги радува луѓето ширум светот со својата музика.
Да потсетиме, менаџментот на Дино Мерлин се огласи откако на пејачот синоќа околу 21 часот му се слошило во неговата продавница Магаза во Башчаршија.
-Дино е добро. Тој се чувствува добро. Беше болен, но сега му оди одлично. Тој е дома во Сараево – тврди неговото раководство за Дневни аваз.