Јелена Карлеуша во едно интервју зборуваше за успехот на нејзините нови албуми „Алфа“ и „Омега“, а потоа се наврати на врската со Душко Тошиќ и сите проблеми што ги имаше во животот во последните четири години.
– Ако мислите на мајка ми, таа е мојата жива рана која не зараснува. Само што научив да живеам со тоа. Ако мислите на Душко, тој се трудеше да ми ја отежне секоја секунда од животот, а ако мислите на линчот што го доживувам од време на време од јавноста, тоа го гледам како голема мотивација и инает. Затоа ја има и песната „Минута“ на крајот на која им благодарам на сите! Сè што набројав ме направи вака силна – изјави меѓу другото Јелена Карлеушa за „Стори“.
Набргу по објавувањето на ова интервју, Душко на својот Инстаграм сподели цитат, кој многумина го протолкуваа како упатен до Јелена.
,,Мизерен е оној што треба да понижи некого за да се издигне“, напиша Душко Тошиќ во објавата. Сl
Cега и Јелена одговори на овие „пецкања“ и објави нов цитат на својот Инстаграм.
– Cиромашен е оној човек на кој таблоидите му се поважни од семејството – напиша Јелена.