На социјалните мрежи се појави видео од ракетниот напад на плажата на Крим исполнета со туристи.
На видеото се гледа плажата во Севастопол, Крим, која беше погодена од серија експлозии во текот на 23 јуни, пренесува Телеграф.
Сликите се снимени од безбедносните камери, каде се гледаат стотици луѓе како бегаат од водата, пред бомбите да експлодираат и да паднат.
На видеото се гледаат последиците од ракетата М74, која расфрла мали фрагменти, а е лансирана со ракетниот систем ATACMS.
Руските власти тврдат дека нападот резултирал со „голема штета“ меѓу цивилите на Крим, каде според Кремљ, четири лица ги загубиле животите, а стотици други се повредени.
CCTV footage capturing the moment when M74 submunitions from the MIM-140 ATACMS missile with cluster warhead struck the water and beach in Sevastopol, Crimea, on June 23.
— Status-6 (Military & Conflict News) (@Archer83Able) June 25, 2024
It is believed that the ATACMS missile was intercepted by Russian air defenses, which caused it to explode… pic.twitter.com/OrnJO1Rhbg