Хаџер Ал-Али, бездомник од Амстердам, не знаел каков пресврт ќе следи откако неодамна пронашол паричник во кој имало 2.000 евра и го однел во полициска станица. Паричникот го нашол на главната железничка станица во градот додека барал празни лименки.
„Помислив, можеби тоа е некој кому навистина му требаат тие пари“, рече Хаџер. Меѓутоа, во паричникот немало лични документи, па полицијата не можела да го пронајде сопственикот. Без разлика, тие сакаа да наградат чесниот пронаоѓач.
„Секогаш верувам дека друго добро доаѓа од добро дело“
Полицијата му врачи ваучер од 50 евра и признание во вид на сребрена статуа на палецот (награда што полицијата ја доделува на заслужните граѓани на Амстердам), а потоа започна хуманитарна кампања во која беа собрани над 34.000 евра за Хаџер во еден ден. Потоа сам решил да ги прекине плаќањата.
„Многу сум благодарен за сè, но не сакам да бидам алчен. Сакам да си ги заработам парите“, рекол тој.
Но, тоа не беше крајот. На Хаџер на крајот му понудил работа од сопственикот на фирма за асфалтирање.
„Мојот живот дефинитивно ќе се подобри после ова, сега можам повторно да инвестирам во иднината. Секогаш верувам дека од доброто дело доаѓа уште едно добро, но вакво нешто не сум сонувал“, заклучил тој.