Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-250 мм на ул. „Бел Камен“ бб во населба Радишани, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица и населеното место Кучевишка Бара.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности.