Сурова тинејџерска тепачка снимена на мобилен телефон во трговски центар во Сан Франциско, САД, предизвика големо внимание од јавноста, бидејќи насилството што го покажуваат младите било многу брутално и во конфликтот учествувале голем број млади луѓе.
Полицискиот надзорник Мирна Мелгар, чиј округ го опфаќа трговскиот центар долж 20-та авенија на западната страна на Сан Франциско, кажа дека имало два големи инциденти во трговскиот центар во изминатата недела – едниот во кој учествувале околу 50 луѓе претходно во текот на неделата, а другиот со околу 100 во петок. Таа кажа дека во судирите се повредени двајца малолетници.
Насилството се случило во петокот по 16:00 часот по локално време. Група млади нападнале едно лице во продавница, а оштетениот се бранел со рацете додека бил ударан. По кратко време избил уште еден конфликт, а не е јасно дали се работи за истата група. Две жртви биле нападнати, иако напаѓачите главно се фокусирале на едно младо лице.
Очевидци за тамошните медиуми изјавиле дека не знаат зошто децата скокнале врз двете жртви, ниту пак знаат дали напаѓачите се познавале меѓусебно.
Вработените велат дека во последнава година вообичаено е тепачки во трговскиот центар во среда и петок.
Полицијата во Сан Франциско не соопшти дали привела некого. Тие рекоа дека само ги зголемуваат патролите во трговскиот центар.