БЕЗ НЕГОВО ОДОБРЕНИЕ, ТАА НЕ МОЖЕ НИТУ ДА ЗБОРУБА – Канје Вест се надмина себеси: Објавена скандалозна листа од тоа што (не)може да прави Бјанка Ценсори

Раперот Канје Вест и издал нови упатства на својата партнерка Бјанка Ценсори барајќи таа „никогаш да не зборува“, како и низа правила според кои треба да живее.

Ова важи за сите аспекти од животот, па дури и за одредени намирници што смее да јаде и што може да носи, тврди изворот, пренесува Daily Mail.

Веста доаѓа во услови на постојани стравувања од обожавателите дека раперот манипулира со својата таканаречена „сопруга“.

Канје Вест и Бјанка Ценсори

Изворот вели и дека Бјанка Ценсори повеќе нема свое мислење и наместо тоа едноставно ги слуша наредбите на раперот, а тој наводно ја убедувал дека имаат „кралски статус“.

Освен што мора да молчи, неговата партнерка мора да внимава и што облекува, односно не смее да се појавува во јавноста во стајлинг без негово одобрение.

Исто така, таа мора редовно да тренира и да ја одржува фигурата, иако самиот Канје Вест тоа не го практикува.

Да потсетиме, раперот неодамна предизвика скандал во Венеција, поради што доби доживотна забрана да се вози на чамец на кој го покажа задниот дел од задникот, додека многумина шпекулираат дека во тој момент тој бил орално задоволуван од Бјанка Ценсори.

Бјанка Ценсори

Чамецот им го изнајмила компанијата „Venezia Turismo Motoscafi“ од која соопштиле дека парот повеќе не е добредојден на ниту еден од нивните чамци.

Како што изјавија тие подоцна, не знаеле за „инцидентот“ додека не ги виделе фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи и медиумите.

Бјанка Ценсори и Канје Вест

Тие за инцидентот го обвинија и трето лице кое било на чамецот со парот, а кое според нивните тврдења го блокирало погледот на тој дел од чамецот.

Патем, на многумина целата оваа приказна им е смешна и неверојатна, бидејќи сите се согласуваат дека Канје Вест не намерно го покажал својот задник, туку дека панталоните му „паднале“ додека се наведнувал.

Бјанка ЦенсориКанје Вест