Без огномет на новогодишната ноќ во Битола

Без огномет на новогодишната ноќ во Битола

Општина Битола нема да организира огномет на новогодишната ноќ, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Годинава на полноќ и за време на реализацијата на забавната програма, дочекот на 2024 година ќе се збогати со светлосни ефекти и 3 Д мапинг, информираа од Општина Битола.

-Дочекот на новата година ќе се реализира со почитување на еколошките стандарди, заштитата на животната средина и еднаква грижа за сите граѓани и затоа нема да организираме огномет на новогодишната ноќ. Програмата, „Зимската приказна“ ќе биде збогатена со соодветни содржини, нагласија од секторот за односи со јавност на Општина Битола.