Голема трагедија се случи денеска во Лесковац кога група тинејџери со метални шипки нападнале врсник и го претепале до смрт.
Згрижувачот на тинејџерот (17), кој денеска им подлегна на повредите откако го претепаа двајца негови врсници, е скршен од болка.
По несреќата тој дал изјава во полиција и рекол дека повредениот тинејџер на пат мирно како и секој ден се враќал од училиште.
-Никого не допрел, мирно се вратил дома по рутата по која секојдневно оди од училиште – рекол згрижувачот на момчето, видно потресен и во шок.
Семејство во солзи
Семејството кое се грижело за убиениот тинејџер не може да ја сокрие тагата поради овој трагичен настан.
Згрижувачкиот родител на момчето потврдил дека момчето живее со нив од 2011 година, заедно со неговиот постар брат кој завршил средно училиште и се запишал на факултет.
Убиениот млад човек е од Лесковац и има полубрат, бидејќи мајка му се премажила. Татко му починал одамна, а на мајка му законски и’ е одземено старателството поради грубо запоставување на детето.
– Двајцата браќа се прекрасни деца – велат старателите.
Го претепале младото момче до смрт
Потсетуваме, тинејџер (17) кој денеска беше брутално претепан од млади момчиња им подлегна на повредите во Ургентниот центар во Лесковац, пријавено е дека лекарите не успеале да го реанимираат.
Неколку часа по нападот на момчето кое им подлегна на повредите, полицијата уапси неколку малолетници – тинејџер (18) и малолетник (15).