Бекам и Џеки Чен меѓу гигантите: „Скапа“ фотографија од легендите направена во Кина

НБА тимовите играат предсезонски натпревари овие денови и се подготвуваат за нова долга сезона, а денешниот натпревар помеѓу Финикс Санс и Бруклин Нетс во Кина беше исполнет со необична публика.

Санс и Нетс се сретнаа на „Венецијанската арена“ во Макао, а некои од најголемите светски ѕвезди го следеа нивниот судир од првите редови.

Имено, Дејвид Бекам, Јао Минг, Џеки Чен и Шакил О’Нил објавија заеднички фотографии на социјалните мрежи, а интересно е да се видат Бекам и Чен покрај двајцата гиганти.

Фотографиите брзо станаа вирални, собирајќи десетици илјади лајкови од фановите, а беа споделени и од Бекам.

„Средба со три легенди“, напиша легендарниот фудбалер.

Инаку, Санс и Нетс им приредија на гледачите вистински спектакл, бидејќи победникот беше решен дури по продолжението и дополнителните пет минути, а Санс победија со резултат 132:127.

Феникс го предводеа Џордан Гудвин со 19 поени и 7 скока и Девин Букер со 18 поени и 5 асистенции, додека кај Бруклин се истакна Кам Томас со 22 поени и 6 асистенции.

Новата НБА сезона започнува на 21 октомври.