Преку законското решение што го донесе Собранието, Министерството за економија ќе достави список со над 2.500 прехранбени производи кои нема да имаат маржа поголема од 10%.
Оваа мерка ќе им помогне на граѓаните да имаат попристапни цени при купувањето на производите. Во ова законско решение се предвидени санкции за синџири на пазари кои нема да ги почитуваат одлуките кои се содржани во новиот закон за заштита на потрошувачите. Најстрога мерка може да биде затворањето на пазарот.
„Го имаме законското решение кое е речиси целосно усогласено со она на Европската Унија, а во РМВ се транспонирани речиси сите директиви на ЕУ.
Нам ни останува да ги зголемиме капацитетите на инспекциските институции во државата, со единствена цел праведно и професионално да се спроведат законските решенија, а тоа ќе даде можност да го заштитиме потрошувачот, што е основна цел на оваа Закон за заштита на потрошувачите“, рече Крешник Бектеши – министер за економија.