Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши вели дека пензиите од есен нема да се зголемат за 2.500 денари, како што прогласува новата влада.
Бектеши вели дека покрај покачувањето што требаше да се направи по старата методологија, пензиите ќе се зголемат само за 1.000 денари.
„Измама на пензионерите! Само што го разгледав предлог-буџетот доставен до Собранието, каде што е јасно дека пензиите нема да се зголемат за 2.500 ден. Претходната влада со закон донесе одлука за усогласување на пензиите и минималната плата, каде 50% се одредува со зголемувањето на просечната плата, а 50% од инфлацијата. Пензиите нема да се зголемат за повеќе од 1.000 дополнителни денари од она што им следува со закон. Без штикли, без знаење!“, напиша Бектеши.