„Граѓаните на Скопје ќе имаат топлинска енергија од 15 октомври до крајот на грејната сезона, додека ЕСМ е подготвена да интервенира на мостот „Беласица“ во делот на топланата веднаш по добивањето на соодветните дозволи од Град Скопје. “
Вака денеска изјави министерот за економија Крешник Бектеши на прашањето за грејната сезона за годинава. Тој рече дека ЕСМ е подготвена да ги реши проблемите.
„ЕСМ е подготвена да ја среди состојбата од утре, само се чекаат одредени дозволи од општина Скопје. Штом ги имаат тие дозволи, утре ќе почнат со работа на поправка на мостот за снабдување со топлинска енергија“, рече Бектеши.
Потенцира дека ЕСМ е подготвено од утре да го санира местото на мостот каде што мора да помине грејната цевка, но за ова мора прво да се завршат процедурите во општина Скопје кои, како што рече, се неопходни според сознанијата. што ги имаат како министер за економија.